ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Обезбедува ли РК Прилеп опстанок во лигата?!

653

Со 32-38, (полувреме 12-19 ) екипата на РК Прилеп, денеска во Скопје освои три занчајни бода во натпревар против екипата на Јуниор Кисела Вода. Со ова, РК Прилеп останува на првото, безбедно место во плеј-аут зоната, што значи дека е еден од главните фаворити за опстанок во прволигашкото друштво, иако до крајот има уште три натпревари за доигрување.

Прилепчани , во текот на целиот натпревар, имаа контрола на мечот и од почеток па се до завршувањето на изиграа беа изненадувања и и не му дозволија на противникот да им ја загрози победата .Тоа беше лесна победа за избраниците на тренерот на РК Прилеп, Горан Кузманоски кои од денешното гостување во Скопје освоија важни бодови во битката за опстанок во лигата .

„Оваа победа значи дека нашите шанси за опстанок ни се зголемени, иако не очекуваат уште три значајни натпревари: дома, со Астраион – Струмица, на гости во Богданци и повторно на домашен терен, ни доаѓа Тиквеш- Кавадарци. Нема општање до крај на завршвањето на лигата, мора да изиграме без никакво потценување на противникот, бидејќи сите екипи се еднакво квалитетни и го посакуваат опстанокот во лигата„- изјави тренерот Горан Кузманоски

На денешнио натпревар, Јуниор Кисела Вода -Рк Прилеп, одличен кај прилепчани беше Рустамов, со девет постигнати гола, пред Шокоски и Чантурија со по седум реалиации.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: