ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Со огномет Прилеп го започна чествувањето на 11-ти Октомври

364

Со традиционалниот импровизиран напад на Участакот,„Меморијалниот музеј 11 Октомври„ и со огномет, вечера Прилеп го почнува одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание и 81 годишната од почетокот на антифашистичката борба на македонскиот народ.

По повод 11-ти Октомври, на камената бина на плоштадот „Александрија“ се обрати градоначалникот на Прилеп,  Борче Јовчески, укажувајќи на значењето на овој празник за македонскиот народ. На празникот 11-Октомври прилепскиот градоначалник го прослави заедно со неговиот колега,  градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. По повод празникот Октетот „Прилеп“  одржи концерт, а прилепчани ги забавуваше  и бендот „Peaches“.

По повод 11 ти Октомври утре делегации ќе положат цвеќе на спомен бистите на народните хероди и на Могилата на непобедените. Од присутните високи функционр најавено е присуството на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  кој ќе положи свежо цвеќе на Могилата на непобедените.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: