ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Одбележана неделата на грижа на стари лица – учениците од прилепското основно училиште Кире Гаврилоски – Јане ги развеселија штитениците од старскиот дом во Прилеп (ВИДЕО + ФОТО)

Насмевки и солзи радосници од старите лица кон прилепските основци за програмата која ја подготвија

417

Нема поубав подарок за лицата кои се згрижени во старскиот дом Киро Крстески – Платник од една ведра , весела и од срце создадена приредба како заокружување на неделата за грижа на стари лица .Учениците од основното училиште Кире Каврилоски – Јане со песна и игра од срце ги поздравија штитениците а за нивните изведби следуваше и заслужен аплаус во ходникот од оваа јавна установа.

Овие активности на прилепските основци ги следеше и првиот човек на градот кој во оваа прилика имаше можност да се увери во реализацијата на проектите во оваа установа каде како што истакна директорот  Благојче Стојчески има нов душек и кревет за секого а и нов инвентар , реконструкција на таванот на хол на приземје , а обезбедени се и инфраструктурни и технички услови за социјална инклузија на корисниците на услуги во домот.

Градоначалникот Јовчески во оваа прилика додаде дека во моментов  во фаза е и проектна документација за за инсталирање на фотоволтаици , се разбира корисно од финансиска гледна точка , за намалување на трошоците .

Инаку во земјава функционираат четири вакви  домови и тоа во Берово , Скопје , Битола и Прилеп.Во Прилеп од  150 места исполнети се 145.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: