ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Одбележани годишнините од смртта на Гоце Делчев и Пере Тошев

372

Прилеп ја одбележа 119 годишнината од смртта на македонскиот револуционер, идеолог  и борец за македонската кауза, Гоце Делчев и 110 години од загинувањето на македонскиот револуционер, Пере Тошев, чии гроб се наоѓа во црквата Св.Благовештение во Прилеп .

Делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Борче Јовчески, заедно со делагации од Советот на Општина Прилеп, политичките партии, Сојузот на борци од Прилеп и претставници од МПЗ од Прилеп положија свежи цвеќина пред спомен обележјата на македонските револуционери.

Во меѓувреме, ООУ Гоце Делечв , со пригодна програма и положување на цвеќе пред бистата на патронот  го одбележаа патрон празникот.  За ликот и делото на Гоце Делчев пред присутните говореше градоначалникот на Прилеп ,Борче Јовчески и директорката на училиштето Снежана Котева.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: