ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО) Амбулантата за физикална медицина се поднови со 3 модерни апарати

285

Градската болница набави три модерни апарати за потребите на одделението за физикална терапија. Апаратите ќе овозможат современ пристап во лекувањето на пациентите, а се обезбедени од сопствени извори. Трите апарати чинат околу 20 илјади евра, и во многу ќе ги подобрат условите за работа и што е најважно современиот пристап за лекување ќе обезбеди поголем проток на пациенти во одделението за физикална медицина во прилепската болница каде дневно се третираат по 160 пациенти.

Апаратите се монтирани, еден од нив веќе е ставен во во функција. Персоналот се доусовршува за работа со новата опрема.

– Ставаме во употреба 3 апарати во одделението за физикална медицина кои што ќе служат за подобрување на здравјето на пациентите, но и за условите за работа на персоналот. Ќе продолжиме со работа и подобрување на условите со поддршка на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, посочи Кети Смилеска, директор на ЈЗУ Градска болница Борка Талески.

-Набавивме Intelekt neo, најсовремен комбиниран апарат за електротерапија со 4 канали, кој нуди можност во исто време независно да им се пружа здравствен третман на петмина пациенти, со што се зголемува оптималниот капацитет на физикалното одделение.

Покрај третманите со електротерапија, ултразвук и ласер апаратот овозможува и третмани со вакум електроди. Големи се придобивките со лекувањето со апаратот како за релаксација на воспаленија или грчеви во мускулите и контактури на зглобовите, превенција од атрофија, стимулација на мускулите на потколеницата за спречување венска тромбоза, олеснување или третман на хронична пострауматска акутна болка, стимулација на мускулите на ногата и глуждот на делумно парализирани пациенти и др.

Вториот апарат е екстензиомат со кој ќе се врши терапија на лумбалниот и цервикалниот дел со апарат за екстензија на рбетниот столб со кој успешно се третира дискусхернија или дегенеративни промени во почетна фаза.

Третиот апарат е shock wave – комбиниран апарат за третман на индикации за лекување на повреди и болки во повеќе делови од телото како тендинопатија, ахилова пета, ортопетски повреди, фасцитис со посебен акцент на пулсна вибрациона масажа, рече др Благоја Ѓорѓиоски, раководител на амбулантата за физикална медицина.

Амбулантата за физикална медицина веќе го користи SHOCK WAVE – комбинираниот апарат, кој што е најсовремена од овој вид клиничка единица на пазарот. Со новата опрема  ќе се зголеми  бројот на пациенти кои ќе добиваат здравствена услуга, а секако и ќе се подигне нејзиниот квалитет.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: