ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Од утре забрана за користење најлонски кеси за пазар и казни за прекршителите

933

Од утре 15 денари ќе чинат кесите со кои граѓаните пазарат, без разлика дали тоа е во маркет, продавница или пазар. Или ќесите кои се користат ќе мора да бидат биоразградливи.

Кесите,пак, за отпад и малите кеси за замрзнување коишто се продаваат во маркетите и продавниците, се исклучени од новиот Закон за управување со отпадот. Цената на овие производи ќе остане иста и тие нема да бидат исфрлени од употреба.

Дали се почитуваат законските прописи, контроли на терен ќе прави Државниот пазарен инспекторат

Пазарните инспектори ќе контролираат дали се продаваат биоразградливи кеси, дали трговците водат евиденција за бројот на продадени кеси , согласно утврдената цена од 15 денари. А, за непочитувачите на законот глобите  се движат од 1.000 до 20 илјади евра. во зависност од големината на компанијата и видот на прекршокот.  Целта е зачуваување на животната средина.

Европската комисија уште во минатогодишниот Извештај за напредокот на земјата кон ЕУ упати критика дека законите за управување со отпад не се донесени. И покрај тоа што овие закони владата ги усвои на крајот од минатата година, тенкото собраниско мнозинство на власта и блокадата на Собранието го одолговлечи нивното донесување.

Инаку, група еколошки активисти мината година формираа Иницијатива за забрана на пластични кеси, со цел да извршат притисок врз надлежните без одлагање да донесат законска одредба за забрана на пластичните кеси за пазарење и да воведат нови, вистински биоразградливи, според европските стандарди, а истовремено, кај потрошувачите да се поттикне создавањето навика за користење на платнени торби за повеќекратна употреба.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: