ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп го поддржува сеземјоделскиот протест

583

Почитувани сограѓани ,СДСМ на чело со Зоран Заев и градоначалникот Илија Јованоски пред четири години ветуваа дека нивен најголем приоритет е достоинството на земјоделецот. Денес, четири години подоцна покажаа и докажаа дека земјоделецот за нив е последно нешто на кое што помислуваат.„ – рече на денешната прес конференција,претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ , Дејан Проданоски и додаде

За жал, СДСМ не направија ништо за земјоделците освен што постојано ги манипулираат. Го направија токму спротивното од она што го ветуваа.Политиките на СДСМ во земјоделството се апсолутно погрешни. Ниту за откупот на тутунот се погрижија, ниту пак за откупот на пченицата ќе се погрижат, како две стратешки култури во пелагониско. Како резултат на политиката на СДСМ, откупната цена на тутунот за реколтата 2020/21 година падна на рекордно најниски 163 денари за килограм. Споредено со претходно постигнатата цена од 219 денари за килограм, разликата е 56 денари за килограм. Само по овој основ, тутунарите во Македонија претрпеле директна загуба од околу 22 милиони евра. Според пресметките, прилепските тутунари загубијаоколу 18 милиони евра. Но, ова не е само директна загуба на тутунарите во Прилеп и прилепско. Тоа претставува индиректна загуба и за целото прилепско стопанство, бидејќи 18 милиони евра, не влегоа ниту во прилепската економија. Откупната цена на пченицата исто така е на рекордно најниско ниво. Ако во 2013 година пченицата се откупувала по просечна цена од 13 денари за килограм, во 2020 година просечната откупна цена е падната на 10 денари. Ова не се празни зборови како од пресконференциите на СДСМ, ова се факти и аргументи, поврзани со нивните штетни политики. Да напоменеме дека во меѓувреме и преку постојаниот пораст на трошоците за репроматеријали, се зголемија и производните трошоци за огромен процент. Оттука, за ВМРО ДПМНЕ, одлуката за предупредувачкиот штрајк на земјоделците што треба да се одржи на ден Петровден во Прилеп е целосно оправдана, и е резултат на апсолутната негрижа на СДСМ за земјоделието. Барањата на земјоделците се оправдани и целосно ги поддржуваме!Почитувани земјоделци, Вашите проблеми можат да се решат само со искрена и посветена работа. ВМРО-ДПМНЕ биле и ќе бидат секогаш на вашата страна. После падот на СДСМ, се обврзуваме да го вратиме достоинството на земјоделецот.“– истакана Проданоски на денешната прес конференција

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: