ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп покажа елементарно непознавање на законите тврдат од Општина Прилеп

628

„Со денешната прес конференција, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп покажа елементарно непознавање на законите кои се однесуваат на функционирањето на локалната самоуправа. Имено, да се каже дека, цитираме „СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски неоправдано чувале на сметката на Општина Прилеп 60 милиони денари, или околу 1 милион евра“, е најдобар доказ зошто оваа партија се наоѓа во опозиција и зошто ќе остане таму и во следните 4 години.– како одговор на пресот од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп, преку соопштените се обрати Општина Прилеп до нашата редакција во кое се додава:

-Истовремено, нивната наводна „зачуденост“ по однос на законитоста на одлуката за префрлање на вишокот на средства од сметката за блок дотации, на сметката на основниот буџет на Општина Прилеп, во најмала рака е лицемерна, од причина што на вчерашната седница на општинскиот Совет, нивните советници не гласаа “против“ предлог-одлуката.

Доколку советниците на ВМРО-ДПМНЕ не разбрале за што гласаат и со тоа лажно ги информирале и ги довеле во заблуда своите сопартијци, во оваа прилика ќе им појасниме дека на вчерашната 56 седница, Советот на општина Прилеп донесе одлука за префрлање на вишокот на средства од сметката за блок дотации, на сметката на основниот буџет на Општина Прилеп за 2021 година. Станува збор за наменски средства, кои беа предвидени за превоз на ученици и за загревање на училиштата за минатата 2020 година, кои заради пандемијата на ковид-19, останаа неискористени.

Она што е подеднакво важно, е дека одлуката е донесена врз основа на член 22 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, за користење на вишокот средства од сметките за блок дотации од буџетот на државата. Од периодот на донесувањето на Законот па до денес, вакви одлуки за префрлање на вишокот средства од сметката за блок дотации, донесле Советите на дваесетина Општини во Република Северна Македонија.- се вели во соопштените кои го достави општината Прилеп до нашата редакција

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: