ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ОК на ВМРО ДПМНЕ со многу прашања до менаџментот на прилепската болница

634

Пред прилепската болницав ОК на ВМРО ДПМНЕ одржа прес и постави низа прашња до раководството на болницата.

„Прилепската болница во време на пандемија од ковид вирусот доби нов В.Д. директор, екс пратеничката Кети Смилеска. Кога Прилеп руши несакани рекорди по број на заразени и на смртност, која е причината за смена на директорот? Дали пропустите во работата и лошото менаџирање се причина за овој чекор? Во минатите неколку месеци бевме сведоци, како доктори и специјализанти, јавно укажуваат на селективната политика во делењето бонуси, платени дежурства и прекувремени саати, за сите оние кои се на првиот фронт во борба против коронавирусот. Прашуваме дали е вистина дека прилепската болница пријавила само околу 80-тина здравствени работници кои работат во Ковид центрите, и тоа по избор на стручниот колегиум и раководството, на кои им следува награда согласно одлука на Владата? На ваков ли начин се покажува грижата за здравствените работници во ова време на пандемија? Зошто не се опфатени вработените во рентген одделението и лабораторијата, кои секојдневно се соочуваат во работата со огромен ризик по своето здравје? СДСМ продолжува да ги деградира здравствените работници. Прашање е дали новиот кадар, екс пратеничката Кети Смилеска, која од една функција се преместува на друга, ќе успее да го менаџира урнатото здравство во Прилеп кое е пред колапс? Ваквиот начин на работа не е ништо друго освен деградирање на здравствениот работник и апсолутна негрижа за неговите заложби„ -истакна, Влатко Петкоски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на денешната прес  конференција.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: