ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Опозицијата повторно критична за начинот на доделни субвенции за клима и точаци

687

Со допис до медиумите ОК на ВМРО ДПМНЕ реагираше на деншниот прес на ОО на СДСМ -Прилеп и соопшти:

„Денешната прес конференција на СДСМ започнува со зборовите „Грижата заграѓаните, за решавање на нивните проблеми, се покажува со дела, а не сопразна реторика и евтин популизам”. Конечно да се согласиме во нешто и со нив! Иронично е истите оние кои го преспаа речиси целиот мандат и реализираа 3 проекти, за кои постои основано сомнение дека е сторен криминал, да зборуваат за дела. Токму празната реторика и евтиниот популизам се нешто по кое се препознава локалната власт предводена од СДСМ. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе бидат на страната на сите граѓани! Срамната одлука за издвојување дополнителни средства за субвенционирање на дел од трошоците за набавка на инвертери и велосипедии свесното прекршување на Правилниците за субвенционирње, кои патем сами си ги донесоа, нека им ја објаснат на сите оние обесправени граѓани кои после објавата на известувањето дека се потрошени сите средства за субвенционирање, не аплицираа. Жалосно е после речиси 4 години локална власт, СДСМ уште да зборува за некакво злосторничко здружување. Злосторничкото здружување е во нивните редови. Но, тоа е резултат на безидејноста и неработењето. Вистина е дека владеењето на СДСМ е препознатливо и по одредени дела, и тоа криминални, а вклучително и распродажбата на националните интереси, тргувањето со македонскиот идентитет, македонскиот јазик, историја, култура, како и секојдневното понижување на македонскиот народ. Ете тоа се делата препознатливи за СДСМ. Свесни се дека сите овие прес конференции и појавувања во јавноста, се само очаен обид да се зголеми катастрофалниот рејтинг на градоначалникот Илија Јованоски и локалната самоуправа. Прилепчани на следните избори ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што Прилеп заслужува да го добие препознатливиот сјај, кој му беше одземен во минативетри ипол години„- соопштуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп, преку допис до медиумите.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: