ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Општината Одинцово од Москва ќе се збратимува со Прилеп

542

Градоначалникот Борче Јовчески денеска оствари средба со амбасадорот на Руската федерација во Скопје Сергеј Баздникин. Соработката на општината ќе продолжи и во наредниот период со Руската федерација во повеќе области, посочи градоначалникот Јовчески.

– Пројавивме желба за взаемна соработка на општината со Руската федерација. Го запознав амбасадорот со програмата за мојот 4 годишен мандат  за која што се надевам дека ќе биде до крај реализирана. Воедно, идејата која што пред 10 тина години ја започнавме за збратимување на општина Прилеп со некој руски град, се надевам дека ќе ја реализираме.

Денеска добивме и понуда како предлог од амбасадорот дека со еден град од московскиот регион наскоро ќе бидеме збратимени. Тоа беше и еден од проектите кои од 2017 година тежнееме да го реализираме благодарение и на Руско – македонското друштво од Прилеп“, изјави градоначалникот Јовчески.

Амбасадорот Базднекин ја откри општината која е предлог за збратимување со Прилеп.

„ Станува збор за општинскиот округ Одинцово од регионот на Москва. Ние сме потполно отворени за соработка во сите области кои се од интерес за граѓаните на Општина Прилеп. Убеден сум дека тоа ќе биде голем придонес за подобрување на животите на граѓаните“, рече рускиот амбасадор, Сергеј Баздникин.

На првата средба меѓу градоначалникот Јовчески и амбасадорот Баздникин станало збор за продлабочување на соработката во областа на културата, науката, туризмот и економијата.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: