ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Совет на Општина Прилеп: Колку пари има за културата?! Редовна автобуска линија до Мариово…

511

Советот денеска одличи,  два пати на ден, да има редовна автобуска линија на ЈП за ПУП до Мариово, на релација Прилеп – Подмол – Прилеп. Советниците ја  усвоија и програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Прилеп за 2022 година, програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови на територијата  на  Општина Прилеп за 2022 година,  како и Одлуката за давање на трајно користење на недвижен имот кој се наоѓа на КП 10029 КО Прилеп, сопственост на ЕЛС-Општина Прилеп. Но, „заглавија„ на културата

Колку пари за културата ? -праша Левица

Со мнозинство гласови беше усвоена и  Програмата за култура за 2022 година. За реализирање на програмата за култура советниците изгласаа буџет од 146 илјади евра. Оваа информација ја сподели, Методија Костоски од „Левица„  кој на говорницата на Советот укажа дека оваа сума наменета за културата изнесува само 0,66 % од вкупниот буџет,  „што говори дека општината нуди “ефтина култура„ и нема намера да го подобри културното живеење во Прилеп„,рече тој .

„1,9 евра по жител за култура, толку се средствата за култура во Прилеп од Буџетот на општината за еден граѓанин на Прилеп,  во кој е вклучен и спортот и рекреацијата. „Од 39 предвидени културни настани, 14 настани во културната програма се предвидени за алтернативните спортови„  рече Костоски, на кои, советникот за култура при Општина Прилеп објасни дека овие алтернативни спортски манифестации се всушност  афирмативни, промотивни за туристички развој на Прилеп, па поради тоа се ставени во оваа ставка на културата, а средствата за културните манифестации не се стриктно утврдени за една манифестација туку се предвидуваат во моментот на организирање на таа културна манифестација . При оваа прилика Котески побара и одговор каде се потрошени средствата од минатите години, кои биле предвидени за културни настани, кои поради пандемијата не се одржани,  како „Пивофестот„,Карневалот Прочка„ итн.

/Не/ Работењето на општинската администрација

Советниците на Левица на оваа седница ја критикуваа и општинската администрација, која, наводно, на 14 -ти јануари, работен ден, после 13,оо часот, наместо на работните места, тие колективно го прославувале празникот „Василица„  кој е работен ден, па дел од граѓаните , кои имале потреба од услуги во ЕЛС  не биле услужени. Костоски доставувајќи анкети, извештаи и здравствени уверенија, нагласи дека со тоа се прекршувал Законот за работни односи по повеќе основи и здравствените препораки во Општината , па  побара  прекрушувањето да биде казниво со 15 % од платата на вработените во локалната самоуправа, а средствата да бидат дадени/наменети за лекување на малата Бисера Ристеска од Прилеп.

  Одобрени финансиските извештаи и програмата на училишта и ЈКП

Советот на Општина Прилеп на денешната, седма редовна седница, ги усвои:  Извештајот за работата на Советот за 2021 година и Програмата  за работата за 2022 година, донесена одлуките за усвојување на финансискиот план и  програмата за работа на ЈКП Пазари – Прилеп за 2022 година, финансиските планови на јавните уставови Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник, Детските градинки „Наша иднина“, финансискиот план и програмата за реализација на дејности за 2022 година за Градската библиотека „Борка Талески“ и финансиските планови за сите основни и средни училишта  вклучувајќи го и основното музичко училиште „Ордан Михајлоски Оцка“.

На оваа седница беа  именувани членови на управни и училишни одбори во неколку институции.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: