ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Отворена изложбата „Повторна средба” од уметницата Анита Јовеска Сот

140

Во ликовната галерија во ЦК „Марко Цепенков”  синоќа беше отворена изложбата „Повторна средба” од прилепската уметница, Анита Јовеска Сот.

Изложата ја отвори историчарот на уметност Викторија Димеска која посочи дека делата пренесуваат енергичност која длабоко проникнува во нескротливата природа на ликовите, жедни за живост и динамичност.

Уметницата Анита Сот рече дека жената како инспирација ја имаме сите околу нас, моќна и силна, секоја различна и своја.

Анита Јовеска Сот е академиски сликар, родена прилепчанка. Дипломирала на Националната Академија за уметност во Софија, Р.Бугарија во  2008 година, на отсекот плакат и визуелни комуникации. Оваа е трета самостојна изложба на Јовеска Сот. Изложбата ќе биде отворена до 7 јуни

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: