ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пинг Понг : Црна Река Петрол се шампиони во бизнис лигата во пинг понг (ФОТО )

Време е за пинг понг !!!

399
Синоќа во прекрасна атмосфера пред повеќе од 50 гледачи, се одигра финалето на Бизнис лигата-Прилепска пиварница,помеѓу екипите на Црна Река Петрол и Нотар Маркоски.Првото место и припадна на екипата на Црна Река Петрол кој во финалето триумфираше над Нотар Маркоски со 4:3. Најзаслужни за овој триумф за сезона 2021/22 се  М.Калески,Л.Мицев,Белокапоски,и З.Мицев кои го освоија пехарот за најдобрата екипа во првата сезона на Бизнис лигата.
Третото место го освои екипата на ГУМ Спорт Матадор. Мартин Калески играчот на Црна Река Петрол е најдобар играч на лигата без ниту еден пораз.
Ова е почеток на она што ќе се случува веќе во втората сезона а нејзиниот почеток ќе биде во Септември. Организаторот , пингпонгарскиот клуб Младост 96 , очекува повторно сите заедно да испишат нова убава пингпонгарска приказна се разбира со мотото на ова натпреварување , ВРЕМЕ Е ЗА ПИНГ ПОНГ . На овој спортски настан , медиумски покровител е Радио Пела.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: