ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Победа на ЖРК Деспина над ЖРК Спартак

846

Во второто коло на Супер женската ракометна игра, вечерва (20.09 2020), ЖРК Деспина – Прилеп извлече победа над ЖРК Спратак од Скопје (21:18), и со 6 освоени бода се наоѓа на горниот дел од табелата.

Натпреварот започна со неколку напади и од едната екипа и од другата, но без погодок до 6 минута, кога гостите го „скршија мразот“, и постигнаа гол, а домаќинките до 10 – тата минута останаа без погодок.

Речиси се играше 20 минути од натпреварот, а резултатот остана 2:2, со многу промашувања, технички грешки и брзоплетни додавања, за полувремето да заврши со минимален резултат 8:7.

Второто полувреме започна со постоајно нерешен резултат, со груба игра во желбата да се постигнат голови од двете екипи, со многу грешки и од едната и од другата страна и со неколку исклучувања на две минути , и за девојките од едната, и од другата екипа. Но, веќе во 50 -та минута ракометарките на ЖРК Деспина ја “зедоа“ играта во свои раце,постигнаа неколку ефективни голови, создадоа мнимална разлика, и не дозволија бодовите да отпатуваат во Скопје.

Камческа со 6 , а Конеска и Филипоска со 5 постигнати голви, беа најфиксани кај домаќините, а кај гостите Коларовска со 5 погодоци беше најфикасен играч.

Утре, на ракометнитиот терен во Прилеп ќе настапи РК Прилеп каде, во 20,оо ч. ќе ја пречека екипата на Младост од Богданци, во третото коло од Машката ракометна супер лига.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: