ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Постхумно промовирана книгата „Чест и вест“ од бардот на македонското новинарство Тачко Локвенец

392

Последното дело на прилепскиот новинар и писател Тачко Локвенец „Чест и вест“ денеска доживеа промоција во Градската библиотека „Борка Талески“ и уште еднаш, по кој знае кој пат, потсети за големината, но и за едноставноста, за значењето, но и за потребата од новинари каков што беше Тачко Локвенец. Книгата „Чест и вест“ е посветена на новинарството воопшто, планирана од Локвенец, а уредена од неговата ќерка Емилија Локвенец. Во присуство на неговото семејство, новинари, пријатели и почитувачи на делото на Локвенец, за неговиот новинарски и писателски раскошен опус говореа колегите Иван Бојаџиски и Ерол Ризаов.

– Тачко не е само врвно журналистичко перо, туку е голем човек во секој смисла на зборот, интелектуалец, личност неверојатно добро информирана за било која тема во општеството која беше актуелна. Сакајќи да го отсликам Тачко со една реченица, ќе го цитирам Габриел Гарсија Маркез, кој во една прилика ќе рече: „Јас никогаш не го напуштив новинарството, затоа што никогаш не успеав да ја направам разликата помеѓу новинарството и литературата,“ истакна новинарот Иван Бојаџиски.

Тачко Локвенец ја негуваше и ја надоградуваше тенката граница меѓу новинарството и литературата, посветено и неуморно пишувајќи покрај во весникот „Нова Македонија“ и за „Студенски збор“ за „Млад борец“, за „Трудбеник“ и за други списанија во поранешна Југославија. Тој знаеше мајсторски да ја долови вистината, посочи Ризаов.

„Тачко знаел тоа да го опее,тој пишуваше репортажи и преку луѓето, преку разговорите, низ чаршијата, умееше да го прикаже тоа што беше забрането. Тоа е најважното, да најдете начин дали преку Рампо, дали преку други новинарски форми да ја доловите вистината ја чувствуваат и бараат идентификација во тоа што ќе го прочитаат и да кажат: „Браво, еве ова е тоа што јас сакам да го видам и да го чујам.“ Тачко тоа мајсторски го правеше!

На промоцијата извадоци од книгата читаше актерот Игор Трпчески, а беше презентирано визуелизирано едно од ретките, а последно аудио интервју на Тачко Локвенец со Моника Талеска.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: