ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

По повод Денот на жената членките на Форумот на жени на СДСМ маршираа во Прилеп

470

Под мотото „Еднакви и моќни“ членки на Форумот на жени на СДСМ од цела држава маршираа од Паркот на револуцијата, Могилата на непобедените до музејот „11 Октомври“ во центарот на Прилеп. Претставнички на членките на Форумот на жени и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски положија свежи цвекиња и се поклонија пред споменикот Жена борец во Паркот на револуцијата.

Со порака за родова еднакост пред бината пред музејот „11 Октомври“ Ковачевски истакна дека, денес, во 21-от век, кога повторно мирот и безбедноста се на испит, светот повторно се сврти кон упорноста, трпението, разбирањето и љубовта, преку коишто жената, мудро, носи одлуки и наоѓа решенија за предизвиците.

„Нема потежок пат од неизоден пат, но ние го изодевме, и бевме и ќе останеме гласни во име на сите оние кои не можат тоа да го сторат„, порача заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска од Осмомартовскиот марш. Лукаревска потсети дека нееднаквоста се уште не е искоренета и дека промените и борбата за еднаквост на жената треба да се случуваат секој ден, на само на Меѓународниот ден на жената.

 

„Речиси четврт век на организирано делување на жените во СДСМ преку Форумот на жени, се години исполнети со непрекината и бескомпромисна борба, која резултираше со бројни видливи и мерливи резултати на полето на родовата еднаквост„, порача претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска во обраќањето на Маршот по повод 8 март што се одржа денеска во Прилеп.

„Недоволен е бројот и на жени претседателки на ОО. Недоволен е бројот на жени менаџерки. И, токму ова се нашите предизвици за следно дејствување“ рече Тренчевска, додавајќи дека борбата за родова еднаквост не смее да запре.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: