ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Се креира програма за работа со надарени деца во градинките

731

Во Прилеп се одржа втората конференција на тема ,,Форми на модернизација на работата со надарени деца‘‘ во организација на Здружение на воспитувачи, поддржано од ЈОУДГ ,,Наша иднина‘‘ Прилеп на која присуствуваа над 200 ученици од цела Македонија. Научните трудови кои беа презентирани ќе им помогнат на вработените во градинките да работат со групата на надарени деца и да се постигнуваат поголеми резултати.

– Освен Словенија нема развиено посебни програми за работа со надарени деца. Се надевам дека оваа наша активност ќе поттикне овој процес да го развиеме кај нас да може да се вклучат сите стручни луѓе и конечно да дојдеме до некаков документ со  кој што ќе продолжиме да работиме со оваа група на дечиња, бидејќи граѓаните кои што треба да ги формираме во општеството се формираат уште во предучилишно воспитување. Има многу надарени дечиња во секоја област: музика, спорт, уметност, говор. Интересно е да се работи со овие деца уште на рана возраст, но треба да ги поддржиме, поттикнеме, треба и специјални инструменти за работа, нагледни средства, помагала и затоа подобро е кога се има програма за да знаеме каде се движиме,  посочи Илија Митров, претседател на Здружението на воспитувачи.

Целта е да се создаде една насочена програма во соработка со ресорното министерство, по која би работеле сите воспитувачи во градинките за надарени децата, кои пак имаат свои посебни барања и потреби.

– Станува збор за деца кои имаат посебни образовни потреби. Постојат поделби во стручната фела, не во научната, околу тоа дали е уште рано за да говориме за надареност или талент. Меѓутоа ако се водиме од основното мото  дека „Првите 5 се најважни на свет“, тогаш зошто да зборуваме дека е рано за да зборуваме за откривање на талентирано дете. Мораме да ја поврземе теоријата со практиката ако сакаме прогрес. Ваквите настани се доволни за разменување на искуства. Мораме од некаде да почнеме за да го направиме првиот чекор, за во блиска иднина ќе зборуваме и за конкретни програми. Во образованието треба повеќе време, но од некаде мора да се почне. Сега ние ја трасираме патот за нашата идна заедница, зашто ние ќе го живеме животот на нашето потомство кое всушност е во овој момент во градинките. Каква иднина ќе имаме ние зависи од тоа како ќе ги креираме децата уште од градинка, рече проф. д-р. Снежана Мирасчиева.

Воспитувачите имаат потреба од повеќе теоретски знаења и практични примери од предучилишните установи во однос на детектирањето, поддршката и поттикнувањето на развојот на надарените деца.

Локалната заедница институтуционално преку општината, исто така дава своја поддршка и поттик за изготвување на програма за работа со надарените деца.

–  Општина Прилеп во образовниот систем во предучилишната возраст ,а особено во оваа возраст кај децата, регистира голем број на надарени деца во различни сфери, за кои сме сите сведоци, пишувале и медиумите: во изучувањето и совладувањето на странските јазици, деца талентирани за ликовната уметност, литературата, спортот, музиката, талентирани деца во природните науки и тоа ни дава поттик да размислуваме, и како заедница, и како институции, како да ги поттикнеме тие деца да се надоградуваат и да го разиваат својот талент, рече Дејан Проданоски, претседател на Советот на Општина Прилеп.

Здружението на воспитувачи, иницијатор за креирање на програмата за работа со надарени деца, на почетокот од ноември ќе организира научно – стручно конференција на која што ќе бидат собрани сите стручни дела од воспитувачите во една книга наречена Зборник. Целта е да се креира прирачник на тема „Користење на нагледни средства и помагала во градинките“ кој  што ќе може да го користат сите идни генерации воспитувачи.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: