ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прво место за Седми Мај Прилеп на екипното државно првенство во женско борење (ФОТО)

808

Континуирано , боречкиот клуб Седми Мај Прилеп продолжува со доминацијата кога станува збор за женското борење кај нас. Прилепските девојки најдобри екипно од одржаното државно првенство во Скопје.Седми Мај Прилеп прв со освоени 27 бода пред Вардар со 14 и Бучим Јака со 14 и Балканец со 8 бода.

ДИПЛОМА ЗА ОСВОЕНО ПРВО МЕСТО НА СЕДМИ МАЈ ПРИЛЕП

Во категоријата до 43 килограми, прво место за Деспина Богеска , второ за Елена Малиноска а трето за Елена Најдоска и Катерина Ивческа , во категоријата до 49 килограми второ место за Михаела Богеска , категорија до 53 килограми , второ место за Михаела Тодороска а трета во својата категорија заврши Оливера Мицеска. Кај девојките кои настапуваа во категоријата до 63 килограми второто место и припадна на Барбара Стојкоска.

Во националниот куп во женското борење преостанува да се одржат натпреварите за у-15 и у-20 , а досега боречкиот клуб Седми Мај Прилеп е на првата позиција со освоени 40 бода пред , Вардар и Бучим Јака.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: