ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

В сабота пред саатот – промоција на активностите на клубот на млади при ОО на Црвениот Крст Прилеп

Се одбележува неделата на младите на Црвен крст - учат да помагаат!

1.305
               Како да станете дел од најголемата хуманитарна организација, Црвениот Крст ?!
„Нашата приказна продолжува со тебе“ е овогодинешното мотото под кое се одбележува неделата на младите на Црвен крст. Клубот на млади, при општинската организација на Црвен Крст Прилеп е еден од поактивните во нашата држава, за што сведочат голем број на реализирани активности и признанија.
Така, и во периодот од 1 до 7 октомври, младите од овој клуб се активни, промовирајќи го малдинскиот активизам како и својата работа и работата на Црвен Крст. За таа цел во сабота, на пладне ќе има поставен информативен штанд пред Градскиот саат во центарот на Прилеп.
Со посетувањето на овој штанд прлепчани ќе можат да се запознаат повеќе со работата на младите во Црвениот крст, а младите ќе имаат можност да разберат како да станат дел од оваа хуманитарна организација. Младите во Клубот на млади преку изразување на својата креативност, како и почитување и прифаќање на идеите и размислувањата на другите спроведуваат активности со кои им помагаат на оние на кои им е најпотребно.
Во текот на годината спроведуваат т.н. традиционални активности, кои се организираат секоја година во ист период според годишен календар, како што се собирните акции по повод неделата на глад, неделата на солидарност, едукативните работилници за подигање на свеста и заштита од различни заболувања: СИДА, туберкулоза.
Но, покрај традиционалните активности како резултат на креативноста, потенцијалот и желбата на младите се спроведуваат и активности иницирани од волонтерите кои често стануваат нова традиција на клубот Волонтерите од младинскиот клуб во Прилеп се дел и од активностите на други организации како поддршка, такви во изминатиот период беа прилеп аутдор фестивалот и неколкуте демонстрации на спасувачката служба од Златоврв.
За тоа колку им значи овој клуб на неговите членови најдобро зборуваат нивните одговори на прашањето што претставува за нив клубот на млади, тоа се среќа, исполнување, дружба и сето тоа со добра цел – да се помогне на оној на кој е најпотребно.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: