ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Преполовен бројот деца кои ги посетуваат прилепските градинки

892

Како резултат на зголемување на бројот Ковид 19 позитивни, и порастот на семејствата  кои се во изолација, во  ЈОУДГ „Наша иднина“ Прилеп двојно е намален бројот на деца кои ги посетуваат градинките. Од вкупно 550 деца кои на стартот во септември беа згрижени, моментно 270 доаѓаат во шесте градинки, потврди денеска за Радио Пела директорот Орце Тодоровски.

Вкупно 6 групи се во изолација и тоа најмногу, 3 групи во детската градинка Гоце Делчев, во Али Чаир се 2 групи кои не го посетуваат воспитно образовниот процес, додека во Бончејца е една група во домашна изолација. Од персоналот,  моментно се во изолација или Ковид позитивни 21 вработен, од нив се воспитувачки, негувателки или технички персонал. Но, ние продолжуваме со работа, со целосно почитување на протоколите од Министерството за здравство и МТСП , вели Тодоровски, заблагодарувајќи се за поддршката од невладиниот сектор и прилепското стопанство.

Имено, во прилепските детски градинки, општествено одговорните компании и граѓанските организации донираат за подобрување условите за работа и дополнителна превенција од пандемијата. Деновиве, невладината „Надеж Надеж“ донираше играчки за децата кои престојуваат во градинките, а компанијата Комфи Ангел помогна  со донација од заштитни медицински маски за потребите на вработените.  

Во ЈОУДГ „Наша иднина“ Прилеп пред пандемијата згрижуваше 1 500 деца , од кои за 605 родителите дадоа позитивно мислење при спроведената анкета пред рестартирањето во септември.  

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: