ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ПРЕСМЕТКА ЗА 2. МЕСТО

399

Прилеп или Струга, една од овие екипи ќе биде на 2. место од плеј-аутот на машката ракометна Супер лига, по одигрувањето на нивниот меѓусебен дуел, вечерва во прилепската сала од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Прилепскиот тим е подобар во досегашните мечеви од сезонава, два од основниот дел на лигата, еден во плеј-аутот, каде Струга има една победа дома со 22:21, а Прилеп две победи – една дома со 25:22, втората на гости со 28:26. Но на табелата Струга е втора со 14, пред Прилеп со 12 бода. Оттука, може да се очекува неизвесен натпревар пред прилепската публика, која ќе ја исполни салата затоа што мечот е последен сезонава дома, а и последен на тој паркет домашната екипа ќе ја води тренерот Горан Кузманоски – Таста, кој одлучи да се раздели со клубот во кој беше две години. Натпреварот Прилеп – Струга ќе го судат Виктор Начевски и Даниело Божиновски, делегат е Русе Наумовски, сите од Скопје.

Мечот вечерва од 18,30 часот може да се гледа на овој линк:

Извор :www.shampion.mk

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: