ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Приведен прилепчанец, пронајдено оружје

376

Претреси во прилепско, приведено едно лице, пронајдени оружје, муниција, дрога и предмети за извршување на кражби.

Денеска (17.05.2023), полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода Д.С.(44) од Прилеп. При претрес во неговиот дом во Прилеп, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе предмети за изработување на оружје и за извршување на кривично дело тешка кражба, како што се солзавец, шишенца исполнети со течност, разновиден алат и друго.
Додека, при претрес во викенд куќа во с.Бешиште, прилепско, во која престојувал, извршен, исто така, со судска наредба, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и од Полициската станица Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ пронашле и одзеле прачки индустриски експлозив, спорогоречки штапини, детонатораки каписли, ловечка пушка калибар 12мм, делови од ловечка пушка, ловечки патрони калибар 12мм, куршуми од различен калибар, делови од растение канабис, дигитална вага, противпешадиска мина, рачна бомба, куршуми за карабин,
една воздушна пушка и др.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: