ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Признал дека со бензин ја запалил ординацијата

3.318

На 26.10.2022 околу 22.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Ѓ.(47) од Прилеп. Тој се сомничи дека околу 19.50 часот предизивкал пожар во ординацијата на неговата сопруга Т.Ѓ. на улица „Сотир Ѓорѓиоски – Сотка“ во Прилеп, по претходно нарушени семејни односи. Во службен разговор во полициска станица тој признал дека со бензин ја запалил
ординацијата, при што изгорел инвентарот, а било оштетено и патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.С.(19) од Прилеп, кое било паркирано пред ординацијата. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Д.Ѓ. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: