ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепскиот пинг понг на врвот во суперлигашкото друштво (ФОТО)

602

Она што се очекуваше ,тоа и се оствари во регуларниот дел на првенството од Супер лигата во пингпонг. Двете прилепски екипи го завршија регуларниот дел од првенството на првите две позиции. Екипата на Младост96 со фантастичен скор од 18 победи без ниту еден пораз , и заслужено е најсериозен кандидат пред стартот во плеј оф натпреварувањето за освојување на шампионската титула.

Костадиновиќ, Станојковски. Рикалоски, Костовски , Лашкоски ќе се обидат и во плај офот да го оправдаат епитот најдобри, и да ја донесат титулата за прв пат во витрините на клубот. Другиот прилепски клуб Младост го зазеде високото второ место и успешно го заврши регуларниот дел на првенството. Во плај офф се пласираа и третопласираната Шампиони ФА од Штип и четвртопласираната екипа на Телеком Нец 2 од Скопје.
Од лигата испаѓаат екипите на Работнички Телеком НЕЦ и Струга. Екипата на Радовиш шансата за опстанок ќе ја бара во бараж натпреварот со екипата на Рисови, кои беа второпласирани во првата лига. Полуфиналните плеј оф парови ги сочиниваат, Младост 96 – Телеком Нец 2, и Младост – Шампион ФА. Екипите на Младост 96 и Младост стартуваат со предност од 1:0 бидејќи имаат по две победи над своите ривали во регуларниот дел од првенството. Полуфиналните средби ќе се одржат наредниот викенд во СЦ Борис Трајковски-Скопје.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: