ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепските лекари и медицински сестри (ЕПИДЕМИОЛОЗИ, ИНФЕКТОЛОЗИ… ) – Хероите на нашето Време! – Предлог бр 6. на Радио Пела за најпрестижната општинска награда „3-ти Ноември“

6.542

Основно човеково право е здравјето!

Во ова време на здравствена криза, тие станаа борци за спас на секој човечки живот. Започнаа силна битка против предизвикот кој го нападна светот и „чепна“ по најчуствителното и човечкото најврдно – здравјто!  Ги обвинува за не грижа и шрирење а дезинформации за болеста, им се закнуваа на социјалните мрежи, но тие како вистински борци за здравје, ги оставија зад себе зборовите и ги покажаа делата, етички извршувајќи ја должностите на својата професија. Застанаа на браникот на здравјето, помеѓу животот и смртта, бирајќи битка за секој живот на првата борбена линија во борбата против пандемијата, КОВИД-19.  Атмосферата и денес не е „розова“ , затоа и граѓаните и лекарите се нервозни поради здравствената криза која не стивнува.

Но, несебично, од самиот старт на пандемијата која не го одмина ниту Прилеп, прилепските лекари и медицински сестри од градот кој секојдневно е во горниот дел од листата на најмногу заболени,  се вложија несебично во спасување на здравјето на секој поединец,  не штедејќи се себе си,  жртувајќи ги дури и своите семејства, од можноста да бидат заразени, неуморно работејќи деноноќно, што е достојно за почит. Медицинските лица од Општата Болница „Борка Талески “- Прилеп (ИНФЕКТИВО ОДДЕЛЕНИЕ и останати) и епидемиолозите ( и, стручниот медицински персонал) од  Центарот за Јавно здравје – Прилеп, се „хероите на нашето Време“ и ја заслужуваат почитта од сите нас, за пожртвуваноста, храброста, одговорноста, несебичноста, професионалноста, стручност …

Бдеејќи  врз животите на луѓето, преморени , на долги и стресни дежурства „кубурејќи“ со кадар, со заразени и во своите редови,  тие речиси цела година мобилно не отстапуваат од битката за спас на човечки животи. Болеста и за нив е непознаница, но тие решија да не и го препуштаат простор за победа и да се борат со „невидливиот непријател“ кој зема животи и создава семејни шокови.

Им се случува на лекари и медицински сестри да колабираат од умор, да повраќаат од стрес и напор, но продолжуваа… ни  долови слика за медицинскиот пресонал од Инфективното одделние во Припел, една пациентка .

Матичен лекар од Прилеп ни напиша ( ви ја прнесуваме пораката во оргинална форма):

Epidemiollozite i infektolozite predlozete gi za izbor na VELICENSTVENI. I proglaste gi! Nema nekoj koj nema da se slozi. Pokapaa lugeto od rabota! Barem malku da gi ohrabrime i da im dademe sila do izdrzat! Jas rabotam kako maticen lekar i sum svedok za nivnata denonokna makotrpna rabota. Najtoplo gi predlozuvam za VELICENSTVENI! (Нема поголема чест, од поддршка од колегите,нели ?!)

А, на Facebook страната на Општата Болница „Борка Талески“-Прилеп стои :

„Инфективното одделение во нашата болница и епидемиолошкиот центар од нашиот град континуирано работат на откривање и затворање на синџирот на зараза како и лекување на веќе заразените. Здравствените работници никогаш нема да признаат дека се веќе уморни, ќе се борат и понатаму иако капацитетите на одделението веќе се при крај! И, токму заради тоа – останете дома, не излегувајте не потребно, а кога излегувате задолжително заштите се!„

Заклучок: Лекарите и пациентите мора да бидат пријатели и заедно да се изборат против пандемијата која го притиска светот.

МОТО: Основно човеково право е здравјето!Да го зачуваме!

Според законот за авторски права ,не е дозволено преземање на оваа содржина, ниту реченица ниту пасоси од неа, без дозвола од редакцијата . Во спротивно би решавал Основниот суд Прилеп

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: