ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО) Прилепските советници донесоа одлука за прераспределба на средства од буџетот за тековната година

737

Советот на Општина Прилеп денеска ја одржа 18 тата редовна седница на која се донесоа повеќе значајни одлуки кои се однесуваат на:  прераспределба на средства од општинскиот буџет за тековната година;  донесен е правилник за наградување на талентирани и наградувани ученици; согласно одлуката на Владата за субвенционирање на трошоците за електрична енергија за услугите на ЈКП Водовод и канализација, вратена е цената на водата на нивото пред поскапувањето; советниците донесоа одлуки од делот на урбанистичкото уредување.

Иако најавена, точката за општинска обрзница не беше поставена дневен ред на денешната седница. Ја пренесуваме изјавата на претседателот на Советот Дејан Проданоски:

„Прво како точка се разгледа алокација на средства од општинскиот Буџет. За до крајот на годината се направија одредени пресметки од општинската администрација од секторот за финансии. Со она што како чекор го направивме како Совет на општина Прилеп и Градоначалникот како извршна власт со формирањето односно со давањето на броилата на Јавното претпријатие за енергетски дејности Енерго Прилеп сметката за јавното осветлување во градов драстично се намали. Имено во градов, во септември ако плативме 10 милиони денари, за октомври сметката изнесува 3 милиони денари, тие средства беа ослободени. Со тие средства се покриваат дел од трошоците кои се однесуваат на превоз на ученици од средните училишта за кои што имамезаконска обврска и дел од средствата она што е потпишано она што е согласно Колективниот договор, тие средства кои се однесуваат за 13 та плата за општинската администрација и вработените во Противпожарната единица.

Советот на општина Прилеп донесе и Правилник за наградување на талентирани, односно, наградувани ученици. Прв пат од постоењето од децентрализацијата во 2004 та година се донесува еден ваков правилник. Досега средствата биле паушално исплаќани, по убедување, сега го востановивме како што ветивме и пред изборите дека конечно мора сите работи да се стават на хартија односно да се предвидени одредени висини на суми.

За децата кои учествувале на меѓународни натпревари е одредена сума од 9 000 денари, за втора 8 000 денари, за трета 7 500 денари, а за децата кои учествувале на домашни, државни натпревари прва 7 000 денари, втора 6000 денари и трета 5 000 денари. Согласно овој правилник за тековната година ќе бидат исплатени средства односно ќе бидат уплетени на сметка на оние кои што побарале ваков надоместок за учество на натпревари од претходната и на оваа учебна година.

Она што како најважно и беше поприлично беше вознемирена прилепската јавност со одредени прес конференции а ние тоа што го направивме кога стапи на сила висината на цената за водоснабдување и цената одведување на урбани отпадни води и за прочистување на отпадни води, согласно она што се случува во државата дека по одлуката на Владата дека се спроведоа одредени чекори. Од она што не’ информираа од ова јавно претпријатие Водовод и Канализација дека ќе стигне договорот за субвенционирање на електричната енергија. Со тоа од денеска од 1 ви декември граѓаните на општина Прилеп заклучно со декемвриската, односно започнувајќи со декемвриската сметка ќе плаќаат иста цена и услуга од ова јавно претпријатие како и пред воводувањето на оваа услуга и таа непопуларна мерка беше во траење од само 1 месец. Со тоа се враќаме на старата цена која што важи и која што е определена од Регулаторната комисија во таа рамка и за 3 годишен пресметковен период.

И конечно Советот она традиционално што како одлуки го донесува се одлуките за утврдување на исполнување услови за определување на правен статус на бесправно изградени објекти, такви беа 13 точки. Три точки кои се од пошироко значење за општината се два нацрт урбанистички планови се воведуваат согласно новите закони за урбанистичко планирање за 4/3 и за 4/4 блокови 3.12 и блок 4.1 и конечно се донесе и еден Детален урбанистички план за населеното место Крстец, катастарска општина Крстец плански период од 2019 до 2029 година што ќе важи, изјави Дејан Проданоски, претседател на Советот на Општина Прилеп .   

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: