ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО) Прилепчанецот Аџиоски кој живее во Швајцарија, со нова донација за македонското здравство, вредна 350.000 евра

731

Прилепчанецот Дејан Аџиоски кои живее во Швајцарија, повторно со  нова донација за македонското здравство, вредна 350.000 евра. Сознанието дека македонското здравство кубури со респиратори за кислородна поддршка за болните од КОВИД 19, тој повоторно со своите пријатели од Швајцарија, преку фирмата BCD Microtechnique“ на Седрик Паху, која и ги произведува овие респиратори,  успеа да набави донација со неопходната медицинска опрема за 8 болници во Македонија. Опремата, од 40 -50 неинвазивни респиратори треба да стигне за неколку дена во Македонија. Но, во оваа донација мора да помогне и Министерството за здравство на Македонија, во обезбедување средства за транспортот. „Јас сум во преговори со министерството, бидејќи се бара поголема ажурност на институциите во Македонија за носење и монтирање на опремата, а веќе за две недели ќе се засили бранот на заболени од Ковид 19“, вели Аџиоски.

(Целиот разговор можете да го проследите во целост):

Целта на неговите донации е да се спасат повеќе животи, но и поттик и на други Македонци во дијаспората да донираат и да помогнат во Македонија.  Дејан Аџиоски  веќе подготвува и нова донација за болниците во Прилеп, Крушево, Демир Хисар и Битола, за болниците  во пелагонискиот регион.Проектот обезбедуваува половни и нови  апарати за потребите на здравството, од институциите во Швајцарија.

Дејан Аџиоски, минатата година обезбеди донација од 20 неинвазивни респиратори за прилепската болница кои пристигнаа декмври минатата година. Донацијата беше вреда околу 200.000 евра. А, се тргнало кога неговиот дедо починал лани од Ковид 19 во прилепската болница каде и Аџиоски лично присуствувал и ги увидел проблемите со кои се соочува болницата….

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: