ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп доби уште еден еден Државен правобранител

887

Владата на синоќешната 19-тата седница, на предлог на Комисијата за именување, согласно добиеното позитивно мислење од Државниот правобранител, именува 19 државни правобранители со што го проширува бројот на државни правобранителиво земјава. 

За подрачјето на Прилеп на функцијата Државниот правобранител именуван е Киро Северкоски, адвокат, со над 30 годишно искуство во професијата.  

Функцијата Државен правобранител за подрачјето на Прилеп ја обавува и Валентина Јорданоска од 2011 година.  

Северкоски и Јорданоска според надлежностите за преземање мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на државата, ќе го покриваат поширокото подрачје на територијата покрај Прилеп и за општините Крушево, Долнени и Кривогаштани. Функцијата Државен правобранител е трајна, без ограничување на мандатот.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: