ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Прилеп државниот врв по повод чествувањето на 11-ти Октомври

772

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од премиерот Зоран Заев, заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи Бујар Османи и

 министерот за здравство д-р Венко Филипче, положи венци свежо цвеќе пред спомен обележјето на зградата на некогашниот полициски участок во Прилеп, со што започнаа дводневните свечености по повод 80 годишнината од народното востание и државниот празник 11 Октомври.

Свечената програма за одбележување во чест на 11 Октомври – Денот на народното востание, потоа продолжи на плоштадот „Методија Андонов Ченто”, каде свое обраќања пред присутните гости од земјата и од странство имаше  претседателот на Владата Зоран Заев, претседателот на Главниот одбор на Сојузот на Борците од НОАВМ 1941-1945, д-р Никола Стојановски и градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски. Премиерот Заев,при ова  потенцираше дека празнувањето на големите датуми, оддавањето чест на сите наши претходници вградени во државноста и во слободата, е само еден дел од нашата должност кон нашето достојно минато, и дека празниците се моменти кога секоја генерација што ги слави треба да се запраша дали со секоја измината година правиме подобра држава, поубаво место за живеење.

Празничната програма потоа продолжи со настапот на воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија, кој изведе сплет од партизански песни и со огномет.

Утре, на Денот на големиот празник – 11 ти Октомври, во претпладневните часови, делегации ќе положат цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифоски-Питу, а ќе биде посетена Алејата на народните херои каде ќе биде положено цвеќе ,како и пред споменикот „Жена борец“. На Могилата на непобедените,  според агендата за чествување на празникот  ќе се обратат:  претседателот на Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Прилеп, Круме Соколовски, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и претседателот Стево Пендаровски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: