ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп: За 4 дена над илјада тутунари пријавиле вишок производство, најмногу од долненско

695

Во тек е пријавувањето на вишокот на произведен ориентален тутун. Земјоделците дополнителните килограми ги пријавуваат во подрачната единица на Министеството за земјоделство. На  припомош во процедурата за евидентирање на дополнителните килограми тутун се вклучија и поверениците, претставници од Сојузот на земјоделски здруженија на вагите. Целта е, како што велат од ресорното министерство, да се има јасна слика за тоа колкаво количество на тутун е над договорените количества, за да се изготви план за преземање на целокупното производство. Тутунарите треба да достават лични податоци и ИДБР на земјоделското стопанство.

– За 4 работни дена во подрачната единица на МЗШВ во Прилеп вишок произведен тутун, пријавија  1 068 земјоделци и тоа за околу 1 500 кгр. Тоа е дневно по 250 до 300 пријави. Најголемиот дел се од  општина Долнени и тоа околу 70 %. Интересот кај тутунарите евидентно е  голем, а немаме предвид уште колку пријави ќе има до крајниот рок, вели Зоран Пачешкоски, раководител на подрачната единица.

Паралелно се одвива откупот на тутунот, па земјоделците кои што го предаваат производството, дополнувањето над договорената количина можат да го пријават кај поверениците.

– Од вчера започнавме со прибирање податоци – колку вишок тутун имаат производителите. На овој начин сакаме да им помогнеме и на земјоделците, и на ресорното министерство. Некои од откупувачите во договорите се обврзуваат да преземат вишок тутун од 5 до 10 % , но најголемиот дел немаат таква обврска.

Сепак ресорното министерство се обврза дека ќе се откупи целокупното производство после 15ти  февруари.

Според договорите деветте откупни компании треба да преземат 23 илјади и 300 тони тутун. Договорените количества од 440 тони тутун на Далија Табак, за кои што компанијата не обезбеди финансиски гаранции, ќе ги преземе Тутунски Комбинат АД Прилеп.  Откупот треба да заврши до крајот на наредниот месец.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: