ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп преку црковна – научна трибина за придонесот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

228
По повод 24 Мај, Денот на сесловенските провестители, Св .Кирил и Методиј,  во Прилеп, во општинската сала, во организација на  храмот Св. Кирил и Методиј – Параклис, со поддршка на Институтот за старословенска култура-Прилеп, се одржа црковно-научна трибина на тема: ,,1160 години од Моравската мисија на солунските браќа и просветители Св. Кирил и Методиј” кој беше проследена од неговото високопреосвештенство Митрополит Преспанско – Пелагониски и Администратор Австралиско – Новозеландски г-дин Петар, преставници од  прилепското архијерејско намесништво, градоначалникот на Прилеп, пратеникот Петар Ристески, Претседателот на Совет на Општина Прилеп, советници, гости и граѓани.
Да се говори за наследството на Светите Кирил и Методиј не е едноставно, бидејќи во него се вткаени повеќекратни димензии: просветителско-мисионерска, религиско-црковна, културно-политичка и идеолошко -идентификацијска, беше истакнато на трбината на која говреа   
 протоереј Веле Спиркоски, д-р Ели Луческа и д-р Зоран Богески.  Протоереј Веле Спиркоски, од храмот Свети Кирил и Методиј, Параклис гвореше за животот и дејноста на словенските рамноапостоли Свети Кирил и Методиј
А ,на тема „Свети Кирил и Методиј во македонската литература до 20 тиот век“  се обрати д-р Ели Луческа.Таа го нагласи огромното влијание на сесловенските просветители во македонската литература до 20 век.
„Целта на моравската мисија на Светите Кирил и Методиј не била само мисионерска работа во строгата смисла на зборот, односно ширењето на христијанството меѓу паганите, туку и, а можеби пред сѐ, создавање словенска црковна организација и подготовка на сопствен свештенички кадар. Поради оваа причина, тие сѐ почесто ги нарекуваат не мисионери, туку учители на Словените, словенски апостоли и рамноапостоли. Оттука, повеќе од пожелно е да го согледаме хронолошко-историскиот контекст на животниот пат и епохалното дело на сесловенските светилници, за да се потсетиме, просветлиме и продуховиме и да се обидеме да разбереме зашто, денес, во 21 век, некои европски соседни држави се обидуваат да обезбедат национален ексклузивитет на славните сесловенски просветители, наспроти вистинските вредности на наследството на светите Кирил и Методиј, рече Ели Милошеска, научен советник во Институтот за старословенска култура од Прилеп.
За „Моравската мисија и македонското прашање“  говореше историчарот, д-р Зоран Богески. Тој посочи дека Моравската мисија има и ден денес рефлексии врз културолошкото живеење на словенските народи, посебно во државава.
„Македонската држава својот наратив го темели врз основа на делото на сесловенските просветители, светите Кирил и Методија со кое, всушност е извршена прва кодификација на словенскиот јазик од говорите од околината на Солун кој подоцна е распространет со преведувањето на светите книги. Секое присвојување на Моравската мисија и нивното дело од соседна држава е само политичко и без никакви историски извори и факти, истакна историчарот  д-р Зоран Богески.

„Многу народи ширум светот се благодарни на делото на Св. Кирил и Методиј, а ние, особено, мораме да бидеме горди чувари на своите корени и историја. Отворајќи го патот кон описменувањето, духовноста и борбата словенскиот јазик да биде рамноправен јазик во богослужбата, светите браќа ни ги оставаат во аманет овие вредности кои мораме да ги негуваме за да ја одржуваме еднаквоста во денешното општество.„- рече градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески на оваа трибина.

Настанот беше збогатен со настап на хорот при КУД „Пере Тошев“ и црковниот хор при храмот „Свети Кирил и Методиј“, Параклис.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: