ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ПРИЛЕП СО ТРИУМФОТ ВО СТРУГА ГИ ВРАТИ ШАНСИТЕ ЗА ОПСТАНОК

На крајот плус два за прилепчани!!

249

Екипата на Прилеп со 28:26 триумфира над Струга, во 4. коло од плеј-аутот на машката Супер лига. Ова е значајно за тимот на тренерот Горан Кузманоски – Таста со оглед на претходните три пораза во оваа фаза. Прекината е неуспешната серија, вратени шансите за опстанок. На денешниот меч прилепчаните постојано водеа, стружаните некако стигнуваа до израмнувања до 40. минута. Во последната третина на гостите им успеа да се оддалечат и на крајот заслужено дојдоа до победоносен резултат 28:26.

На вториот меч од ова коло Радовиш – Скопје 24:21, резултат што е во прилог на прилепскиот тим, така што на табелата има битни измени.

ТАБЕЛА: Пролет 14, Струга 10, Прилеп 6, Скопје 4, Радовиш 3.

СЛЕДНО 5. КОЛО (21 април): Скопје – Пролет, Прилеп – Радовиш

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: