ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп чека одлука за карантин, матичните лекари ќе помагаат во Инфективно, а Спасителната служба Златоврв за одржување на редот и дисциплината

1.700

По барањето на градоначалникот Илија Јованоски за воведување карантин, Општинскиот кризен штаб на денешната онлајн седница побарал од централниот,Главен кризен штаб, заострување на мерките и воведување на дополнителни рестриктивни мерки кои ќе се однесуваат на целата територија на општината, со цел да се превенира и запре застрашувачката тенденција на заразата на локално ниво. Во очекување на одговорот, кој што според најавите од портпаролот на Владата, треба да биде утре, петок,  општинскиот кризен штаб ги засилува локалните мерки за превенција и справување со болеста преку активирање на матичните лекари за помош во Инфективното одделение, а за редот и дисциплината ќе биде вклучена Спасителната служба Златоврв.

– Заради алармантната состојба и зголемената потреба  од медицински персонал во Инфективното одделение во Прилеп, Општинскиот кризен штаб го задолжи претседателот на Здружението на матични лекари од Прилеп почнувајќи од утре, во наредниот период да обезбеди по 2 тима, составени од доктор и медицинска сестра кои ќе ќе волонтираат по систем на ротација во втора и трета смена во Инфективното одделение во болницатаЕдниот тим ќе работи од 14 до 22 часот, а вториот тим од 22 до 07 часот другиот ден. Ова е особено важно затоа што постојниот медицински персонал во Инфективното одделение е навистина исцрпен и со крајни сили и напори се бори со заразата и се грижи за секој пациент.

Во соработка со Спасителната служба Златоврв 30 тина нивни волонтери на кои ќе им асистира и полицијата ќе бидат вклучени во обезбедување во редот и дисциплината пред здравствените институции, како и за одржување како и одржување на ред и дисциплина пред банките и пред поголемите маркети, пред и во Градскиот пазар. Пред тие институции и организации, Општината повторно ќе ги обележи позициите за одржување на дистанца во редици, со поставување на налепниците за таа намена  (СТОЈ ОВДЕ). Волонтерите од Спасителната служба ќе бидат ангажирани и за набавка на лекови и намирници во домовите на сите повозрасни и изнемоштени граѓани.

– Ги повикувам сите оние млади лица од нашиот град кои се здрави или ја прележале болеста и би сакале да помогнат да и ’ се приклучат на волонтерската служба и да се обратат на следните телефонски броеви: 073 333 800 и 073 333 900, Сашо Јандрески и Дарко Неданоски. На истите телефонски броеви граѓаните кои имаат потреба од доставување на намирници ќе можат да се обратат секој ден во периодот од 8 до 16 часот, ова го истакна на средбата со новинарите градоначалникот Јованоски по завршување на седницата.

Дезинфекцијата на улиците, на јавните површини како и на локалните и државните институции во градот и населените места ќе продолжи со засилен интензитет.

Градоначалникот апелираше повторно граѓаните да носат заштитни маски, да го избегнуваат групирањето, дружбите и семејните веселби, бидејќи како што рече само на тој начин може да се стави пандемијата под контрола.  

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: