ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Продолжува потрагата по изгубеното момче. Вклучени се и кучиња трагачи и хелихоптери!

1.137

Сеуште се трага по исчезнатото десетгодишно момчето Петар Џобески кој вчера, попладен, исчезна помеѓу селата Витолиште и Врбско во Мариово.  Потрагата по Петар не е прекинат ни утрово. Од МВР Битола информираат дека во потрагата  се вклучни и хелихоптери и кучиња трагачи, како и Спасителната служба и ловџиите кои добро го познаваат овој мариовски терен. Во полицијата велат дека исчезнување на Петар било пријавено во 18,оо ч, кога започнува и полициската потрагата по него.

Од Спасителната служба Златоврв исто така информираат дека од синоќа нема ништо ново и дека продолжуваат  по потрагата на момчето заедно со Ловџиите , но засега нема позитивна трага. Синоќа цела вечер теренот го пребаруваа полицајци, ловџии, членови на Спасителната служба „Златоврв“, припадници на ТППЕ Прилеп и други доброволци, но детето не беше најдено.

Неофицијално момчето Петар, кое е момче со попреченост, вчера било со своето семејство во атарот на селото Врпско каде игралв во дворот ,па некаде околу 16,оо часот се одалечил од местото и потоа му се губи трагот.  Момчето било облечено со лесна облека , но официјално полицијата не дава детален опис .

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: