ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Продолжува хуманитарната акција за Турција и Сирија на пунктот во Прилеп

192

Денеска втор ден беше отворен пунктот за собирање на донации од прилепчани наменети за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија. Кај камената бина на плоштадот Александрија во организација на општина Прилеп граѓаните принесуваа облека, обувки, храна, постелнина за хуманитарна помош на семејствата кои останаа без своите најмили и без своите домови.

Акцијата продолжува и наредниве денови со одредени препораки од Амбасадата на Турција во Македонија и Црвениот крст во која се вели:„Материјалната помош да биде нова, спакувана и согласно зимските услови.“

 

Воедно, се препорачува со оглед на потребите и транспортот и храната која што ќе се донира да исполнува одредени предуслови, пред се’ да биде конзервирана, а крајниот рок на траење да биде најмалку 6 месеци.

Пунктот за хуманитарна помош ќе биде отворен и в понеделник 13 ти февруари кога на пладне ќе се одржи Вонредна 22 седница на Советот на општина Прилеп на која ќе се одлучува за висината на финансиската помош за двете земји Турција и Сирија чие што население настрада во земјотресот на 6 ти овој месец.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: