ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Про Бокс Македонија зеде учество на 75-то јубилејно генерално собрание на Европската Боксерска Унија кое се одржа во Малта (ФОТО)

Про Бокс Македонија меѓу 38-те членки од Европа

236

Во саботата на 13 мај 2023 година во Малта се одржа јубилејното 75-то генерално собрание на Европската Боксерска Унија. Од страна на Боксерската Асоциација на Малта состанокот беше организиран на високо ниво. Присуствуваа 38 членки од Европа а меѓу нив и  двајца делегати од Про Бокс Македонија, секретарот Дарко Чатлески и претседателката Весна Чатлеска.

Главна точка на состанокот беше потпишувањето на договорот  помеѓу сите федерации и асоциации члеки на Е.Б.У за лиценцирање, издавање дозволи за професионални борби,времетраење на суспензиите на боксерите, нови правила за боксерски ракавици за борби итн. Претседателот на Е.Б.УПетар Штуцки потенцираше дека задолжително треба да се почитуваат минималните стандарди на лекарските прегледи на боксерите, бидејќи најважно е здравјето и заштитата на боксерите а за локалните судии напомена дека треба да ја делат правдата фер и на професионално ниво.

За промотер на годината беше избран Еди Херн.Туција, Молдавија и Албанија беа изгласани за нови привремени членки на Е.Б.У. Инаку во текот на оваа година Про Бокс Македонија треба да  организира  професионална боксерска манифестација во Прилеп помеѓу Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. На крајот со свечена вечера се прослави 75 годишнината на Европската Боксерска Унија. Од страна на Е.Б.У на Про Бокс Македонија  и беше доделена плакета а претседателот Петар Штуцки изрази задоволство за работата на Про Бокс Македонија.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: