ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пунктот е отворен за донации за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

248

Од денеска, па во наредниве денови Општина Прилеп ќе се собираат материјални добра на пунктот за донација наменета за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија. Граѓаните можат кај камената бина на плоштадот Александрија од 10 до 16 часот да подарат облека, обувки постелнина, храна …

– Пунктот ќе биде отворен и наредните денови сѐ додека има донации. Сето ќе се складира од јавните претпријатија и со првата можност ќе се транспортира во настраданите подрачја. Се мобилизира и бизнис-секторот, а ние веќе имаме подготвено екипа од четворица опремени пожарникари со возило и чекаме упатство од Дирекцијата за спасување. Се трудиме на кој било начин да упатиме помош, рече Јовчески.

На пунктот прилепчани  носат храна, облека, обувки, кебиња и постелнини. Со жалење за трагедијата во двете земји Турција и Сирија, велат дека сочувствуваат со семејствата кои ги изгубија своите најмили.

„Имаме многу гардероба, постелнина. Дојдов да донирам. Ќе им се најдат на луѓето да се затоплат. Барем топло да им биде. Со помин да е. Не знам. Ова е катаклизма. Жалосно. Мојата сопруга гледа вести и постојано плаче. Сите сочувствуваме. Дај боже, што повеќе живи да има. Зградите повторно ќе се направат, ама луѓето што заминаа… Страшно. Што повеќе луѓе да спасат. Гледаме деца, па ете и бебето што се роди, повторно е живот. Срцето се кине“.

„Дома гардеробите знаете кај сите преполни се, а вака барем ќе се најдат за луѓето, нека се средат, нека се стоплат, да можат луѓето барем топло да им биде“.

„Да помогнеме, колку што можеме донираме. Многу многу тешко, многу жално“.

„Што можеме од срце да подариме, има некој што не може да се облечи па да помогнеме.

„Кој што може се повеќе да донира, дали пари, дали работи, било што“, порачуваат граѓаните кои донираа.

Покрај помошта што од општината се испраќа преку индивидуални повици за донации во средства на тел. број 143 400, дополнително прилепските компании доставуваат материјални добра во постелнини и облека за настраданите во Турција и Сирија.  Како што е најавено, во понеделник на 13 ти февруари, ќе се одржи и Вонредната 22 седница на Советот на Општина Прилеп на која од Буџетот ќе биде издвоена финансиска помош за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: