ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ПРИМЕН ГОЛ НА ТРИ СЕКУНДИ ПРЕД КРАЈОТ

348

Скопје – Прилеп 23:22. Младата екипа на Прилеп иако беше блиску до бод во Скопје, загуби минимално од домашниот истоимен суперлигаш со 23:22. Во салата „Борис Трајковски“ се водеше израмнета борба. Во првото полувреме по неколку пресврти резултатот беше 11:10 за Прилеп. И во вториот дел прилепскиот тим водеше со два разлика, за во финишот да има најчесто нерешен резултат. Така беше и во последните моменти, кога на семафорот беа бројките 22:22. Домашните постигнаа гол во последниот напад на три секунди пред крајот и ги освоија трите бода. Ова беше прв меч на Прилеп во плеј-аутот од Супер лигата, а следниот ќе го има на 3 април дома со скопски Пролет.

Најефикасен во тимот на Скопје беше Василевски со пет погодоци, додека по четири постигнаа Мишевски и Киселовски. Во екипата на Прилеп прв стрелец со седум гола беше Марио Гичев, а шест гола постигна Давор Шокоски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: