ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Родителите денеска повторно на протести поради образованите реформи

649

Родителите од Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ денеска излегуваат на протести. Според најавите, протести се закажани во сите градови во 18 часот пред општинските згради. Во Прилеп протестот ќе започне пред камената бина на плоштадот “Александрија”.

15 мај 2021 г пред Општинската зграда во Прилеп , протест против предлот Законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование.

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска повторно поднесе иницијатива до Собранието за распишување  референдум за граѓаните да се изјаснат за Предлог-законот за дигитални учебници и наставни материјали во основното и средното образование откако првиот пат иницијативата им беше одбиена како неуредна. Во текот на вчерашниот ден пред подрачни единици на ДИК иницијаторите собрале околу 300 потписи за да го поднесат предлогот во законодавниот дом.

 Министерката за образование и наука Мила Царовска истакна дека промени во образованието мора да има порача . За иницијативата за собирање потписи со која се бара граѓаните да се изјаснат на референдум, министерката посочи дека референдумот е демократско право и за тоа си има постапка. И покрај оспорувањето на дигитализацијата, министерката нагласи дека во континуитет течат подготовките за наставата во прво и четврто одделение од учебната 2021/2022 година да почне по нови наставни програми и модернизација на образованието.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: