ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

СВР Битола апелира да не се палат стрништа, поради опасност од пожари

130

Во периодот на започнување на првите подготовки за претстојната пролетна сеидба, кога има зголемена раздвиженост на нивите  и интензивно чистење на отпадоците, забележани се појави на палење на стрништа и сува вегетација (трева, жбунови и слично), најчесто без непосредна контрола со што се предизвикуваат несакани последици.

Токму затоа, Секторот за внатрешни работи Битола апелира до земјоделците, но и до сите други граѓани да бидат постојано внимателни ако се движат или работат во полето и посебно да не палат огнови, кои брзо можат да се прошират, особено ако времето е ветровито. Во спротивно ќе се соочат со ригорозни законски санкции, односно со соодветни поднесоци зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.

СВР Битола презема координирани превентивни и други мерки, навреме да се пресретнат можните причини за пожари, а во наредниот период ќе бидат засилени и планираните контролни активности на поширокото подрачје.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: