ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Секогаш со изненадувања -The Hounds, нова песна “Тишина„, за нов албум

1.094

„Тишина„ е новиот сингл на прилeпската груап The Hounds , како предвесник на доаѓањето на вториот албум. Убавиот ритам , културни, урбани стихови, „љубовен амбис„ и ширина на „тишината„ исполнета со звук кој плени, е песната која носи нови звуци ,поразлични од предходните песни. Кога ќе ја чуете песнатаа,таа ви создава чувство на милување на ветар, ритам кој брановито се шири и дава емоции на смиреност. „Тишина„ зборува за љубовната како приказна со понаков ритам на бендот The Hounds.

Златко Карчески(Zlatko Karceski ), фронтменот на „Д Хаундс“, -„За “Тишина” на својот фб профил напиша:

„Сакале да признаеме или не, тишината беше тоа што не повика да почнеме со ваков проект. Што не предизвика да правиме нова музика, дури и повеќе песни од тоа што првично беше планирано и го зборував на интервјуа. Целосно растеретени од тоа каков статус ќе добијат песните, како ќе “поминат” пред народ, успеавме да направиме нешто со што особено се гордееме. Тишина е првиот здив на оваа приказна. Особено сме благодарни на Jordan Manov кој продукциски го водеше целиот процес, нашите фантастични гости Branislav Nikolov и Vesna Malinova кои дадоа дел од својата душа во песната, Trajkoski Josif кој го режираше видеото, Jana Janeska Risteski која секогаш влегува во оган за нас и е тука кога е најпотребна, Olivera Dilindarski и Sara Spirkoska кои влегоа со искрена љубов во ова, која се почуствува одма на сет, на првиот тејк. Другарите од Единак и Dejan Angeloski кои логистицираа на локациите кои снимавме, нашите прекрасни фамилии кои не сакаат, поддржуваат и “трпат” во ова…Ова е Тишина, од Хаундс, Славејот и Малинова. Не е ни почеток ни крај, само транзиција. Уживајте ја.П. С.Не можам да опишам колку сум среќен.“

Музика: The Hounds

Текст: The Hounds

Аранжман: The Hounds, Јордан Манов

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: