ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Се вакцинираа лицата во Старскиот дом во Прилеп

676

Денеска се вакцинираа старите лица од домот за стари лица „Киро Крстески Платник“- Прилеп. Од 86 пријавени за вакцинирани, денеска се вакцинираа 63 лица .

Имунизацијата се извршува со вакцината „Астра Зенека“ , а со вакцинацијата се опфатени лицата над 60 години.

– Од 115, за вакцинација се пријавија 86. Сега се вакцинираат оние над 60 години, а по празниците и другите кои се 10, а се под 60-годишна возраст. Досега успеавме да ги заштитиме станарите во домот, немаме заразено. Имаше еден од штитениците, но со лесни симптоми и брзо помина. Со оваа имунизација ќе може поскоро да се вратат во нормалното живеење и побрза ќе биде можноста да имаат средби со членови од фамилиите. Останувата мерките за заштта, но сме задоволни што успеваме да го зачуваме здравјето на штитениците во Домот, изјави Мики Крстев, директор на ЈОУ „Киро Крстески Платник“ – Прилеп

Имунизацијата на старите лица во Домот ја вршеше мобилниот тим од пунктот при Здравствениот дом-Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: