ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Се гради спортската сала во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“

916

Најавуваната спортска сала за ООУ „Кире Гаврилоски Јане“ започнува да се гради. Ѕидарските работи се во тек на делот во кој ќе се наоѓаат соблекувалните, кабинетите и тоалетите. Следува поставување на панели и керамички плочки, а до крајот на оваа недела ќе бидат изградени шахтите. Она што следува, е поврзување на објектот на водоводната и канализационата мрежа, а со поставувањето на челичната конструкција, училишната спортска сала ќе го добие веќе својот лик.

„Она што на мое огромно задоволство можам да го кажам, е дека на почетокот на новата учебна 2021/2022 година, 870 ученици од ООУ „Кире Гаврилоски“ часовите по физичко воспитание ќе ги одржуваат во нова и современа спортска сала, опремена со сите потребни спортски реквизити и справи, за непречено изведување на предвидените наставни активности.“ напиша на својот ФБ профил ,градодоначалникот на Прилеп ,Илија Јованоски

И, директорката на училиштето Кети Стевананџија ни потврди дека салата ќе биде готова до почетокот на новата учебна година, „каде учениците ќе можат конечно безгрижно да ги обавуваат часовите по физичко воспитување. Се работи за типска фискултурна сала модел-1, на површина од 650 квадратни метри, со соблекувални, санитарни јазли, туш-кабини и кабинет за наставниците“ – рече таа

За започнување на изградбата на спортска сала, беше потпишан трипартитен договор меѓу ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“, Општина Прилеп и Министерството за образование и наука и е дел од проектот „Изградба и опремување на 145 училишни сали“,финансиран од Владата.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: