ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Се зголемува побарувачката на брашно!

240

Над 150 инспектори од Државниот пазарен инспекторат од утринава се излезени на терен и прават контроли во маркетите и пекарниците. Инспекторите проверуваат дали се почитува одлуката на Владата за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб и дали тој се продава по цена од 33 денари. Инспекторите, исто така, ќе проверуваат и кои маркети не добиле леб поради најавените закани на производителите дека нема да вршат достава на бел и полубел леб ако Владата ја замрзне цената.

Од маркетите во Прилеп велат дека утрово никој не донел леб бидејќи пекарниците ја почитуваат одлуката да не произведуваат бел и полубел леб по цена која што ја утврди Владата. Неофицијално, најавата е дека и утре состојбата ќе биде иста.  Од друга страна, се зголемува побарувачката на брашно и по маркетите и по специјализираните продавници каде 1 кгр брашно се продава по цена од 42 до 44 ден, а на големо по 25 кгр брашно се продава по цена од 850 до 950 денари.

Од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија остануваат на ставот дека ќе ја почитуваат одлуката што ја донесоа во понеделникот, а тоа е дека нема да произведуваат и да носат бел и полубел леб на полиците на маркетите.

Во понеделникот компаниите членки на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија соопштија дека донеле едногласна одлука да прекинат со производството на леб од денот кога одлуката на Владата за замрзнување на цената ќе излезе во „Службен весник“.

Одлуката што ја донесе Владата за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб ќе важи до 31 мај годинава.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: