ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Се отвораат операционите сали во прилепската болница

608

Со одлука на Комисијата за интрахоспитални инфекции при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност, а по добиените наоди од Институтот за јавно здравје, од утре 28 ми февруари, во прилепската болница продолжуваат оперативните интервенции, информираат од болницата со допис до медиумите.

 

Врз основа  на добиените негативни наоди од Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија Комисијата за спречување на интрахоспитални инфекции  донесе одлука од утре 28-ми февруари 2023 година болничките одделенија во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп да продолжат со оперативните програми притоа почитувајќи ги принципите за асепса, дезинфекција и стерилизација,“ стои во дописот до медиумите.

Според објаснувањето од Комисијата за интрахоспитални инфекции во неколкудневните испитувања биле опфатени околу 150 примероци со цел да се превенира појава на интрахоспитални инфекции заради кои беа одложени оперативните зафати:

Операционите сали во прилепската болница беа затворени на 16 ти февруари по појава на интерхоспитална бактерија, а истрагата на Основното јавно обвинителство Прилеп треба да докаже дали е тоа причината за смрт на двајца пациенти.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: