ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Снежно низ Македонија, внимателно возење

589

Снежно е низ Македонија. Снег има на планините, но и во градовите. Снегот продолжува да паѓа.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка, во источните делови до 10 сантиметри, а на запад во пониските подрачја меѓу 20 и 30 сантиметри. На планините на северозапад постојната снежна покривка ќе се зголеми за нови 20 до 30 сантиметри снег.

Од 15.10ч на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато се воведува задолжителна употреба на зимска опрема за тешките моторни возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на целата територија на државата. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица. 

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.  

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: