ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Советот на Општина Крушево донесе одлука – забрана за движење во шума се до крајот на кризната состојба

611

Советот на Општина Крушево донесе одлука граѓаните на Општина Крушево да се придржуваат на мерките за забрана за движење во шума се до крајот на кризната состојба, односно до донесување на друга одлука.

Советниците на вонредна седница имаа едина точка на дневен ред: „Информација за безбедноста и сигурноста на граѓаните на подрачјето на Општина Крушево во услови на прогласена кризна состојба на територијата на Македонија, предлог на мерки и активности во насока на превенција, односно заштита од пожари и евентуално справување со пожарите.„

На седницата покрај членовите на Советот присуствуваа: Градоначалникот на Општина Крушево и претставници од Центарот за Управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Полициска станица Крушево, ЈП „Липа“ Крушево, ТППЕ-Крушево, Шумска полиција и ЈП „Комуна“ Крушево. Констатирано е дека надлежните институции функционираат заеднички и координирано согласно препораките од Републичкиот кризен штаб и согласно мерките и активностите што се предвидени со прогласената кризна состојба на територијата на целата Република. До сега состојбата со пожарите е под контрола и продолжува истата да се следи.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: