ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

СРЕДБИ СО ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

642

Младинските тимови на ученици од Штипи Битола вклучени во реализација на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата фаза 2“, имаа средби со своите градоначалници. Овој проект го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп а е поддржан од ifa/Zivik програмата во склоп на Федерална канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

                На средбата со градоначалникот на Штип Сашко Николов учениците одсредното општинско училиште „Јане Сандански“ од Штип, разговараа за функционирањето на општината, за предизвиците пред нив и имаа прашања и предлози за нови активности на општината. После средбата со градоначалникот младинскиот тим ја разгледа општинската зграда и се запозна со функционирањето на секотрите на истата.

Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, се сретна со младинскиот тим од Средното економско училиште „ЈанеСандански“ од Битола. Таа на средбата ги запозна младите учесници за начинот на работа во Општина Битола, како и за постојаната отвореност на локалната самоупра ва за младите ентузијасти и нивните идеи. Петровска нагласи дека, секој добар предлог кој е во интерес на подобрување на животот во општината може да биде прифатен.

            Овој проект се реализира втора година и во истиот се вклучени 10 средни училишта од 10 различни општини од нашата држава.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: