ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ССКМ: Аптеките да продолжат со издавање на лекови на рецепт и покрај што податоците за осигурениците не се апдејтираат

210

Во насока на обезбедување на континуирана здравствена заштита сите аптеките во нашата земја обезбедија непречено издавање на лекови иако во периодот од 05.02.2023 година се работеше со невалидни податоци за осигурување поради онеспособувањето на електронскиот систем на Фондот за здравствено осигурување. Трите најрелевантните фармацевски здруженија, Фармацевската комора, Здружението на приватни аптеки и Комората за приватно здравство при Сојузот на стопански комори на Македонија изразуваат разбирање за состојбата во која се најде здравствениот систем, а која можеше дополнително да ескалира доколку беше стопирано и издавањето на лекови.

Здруженијата по одржан состанок, до Фондот за здравствено осигурување упатија барање да нема одбивање, односно непризнавање на рецепти за издадени лекови доколку дополнително се утврди дека во периодот после 05.02.2023година до целосно враќање на системот во функција, во некои промени се изгуби основот за осигурувањето, бидејќи системот не ја обезбедуваше таа информација. Потенцираме и дека од моментот на паѓање на системот до 14.02.2023 година, немаше никакви насоки за постапување, односно за издавање на рецепти, а кога ги добивме упатствата беа неприменливи, бидејќи се бараше проверката на осигурувањето да се прави преку допис по електронска пошта од аптеката до ФЗО, кој потоа информација ќе бара од Управата за јавни приходи и кога ќе ја добие ќе ја врати назад. Во упатствата од ФЗО се предвидува рецептите да се издаваат комерцијално, доколку не може да се провери осигурувањето, а пациентите потоа да ги рефундираат парите што е невозможно бидејќи аптеката за тоа треба да издаде потврда за дефицитарност што не беше случај.

Фондот исто така неколку пати преку соопштение јавно истакнуваше дека треба да продолжи непреченото издавање на лекови на рецепт и во услови кога податоците за осигурениците не се апдејтираат.

Имајќи, во предвид дека аптеките покажаа разбирање за сериозноста и драматичноста на состојбата во која се најде Фондот и одговорија на ниво на својата задача излегувајќи во пресрет на потребите на пациентите, очекуваме дека и ФЗО нема да ги одбие рецептите, бидејќи тие се издадени од матичните лекари, односно нивно стручно мислење.  Во спротивно може да се најдеме во ситуација осигурениците да не можат да го подигнат потребниот лек.- информират од Сојуз на стопански комори на Македонија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: